| четврток, 6 декември 2018 |

Републиканецот Чак Хејгл нов министер за одбрана на САД?!

Американскиот претседател Барак Обама вчера вечер го предложи Чарлс Чак Хејгел за нов министер за одбрана на САД.

 

Хејгл е умерен републиканец и одликуван војник во виетнамската војна. Се очекува тој да поддржи брзо повлекување на американските трупи во Авганистан.

Тој изградил добри односи со Обама додека биле заедно во Сенатот, но и додека бил во претседателскиот советодавен одбор за разузнавачки прашања. Неговата номинација треба да ја потврди Сенатот.

Хејгел додека бил сенатор на Небраска стекнал репутација на политичар со независно мислење без влакна на јазикот.

– Мислам дека Обама севкупно направи добра работа. Има доста работи со кои не се согласувам и тој тоа го знае, рекол Хејгел во март минатата година.

Републиканецот прво ја поддржувал војната во Ирак, но подоцна стана остар критичар на администрацијата на Буш. Исто така ја поддржал резолуцијата за војната во Авганистан, но подоцна станал критичен поради долгото воено ангажирање. Според него, војските се создадени за да војуваат и да добиваат војни, а не да составуваат пропаднати држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top