| четврток, 6 декември 2018 |

Милијардерот ја раскина свршувачката со Мараја Кери

Според пишувањето на австралискиот печат, милијардерот Џејмс Пакер ја раскинал свршувачката со познатата пекјачка Мараја Кери бидејќи таа неконтролирано ги трошела неговите пари. На Џејмс, наводно, му пречело што Мараја сакала нивниот приватен живот да го експонира во реално шоу.

Тој ѝ дозволил на Мараја да го задржи свршувачкиот прстен, вреден 10 милиони долари, за кој Мараја се фалела во медиумите дека е толку тежок што не можела да ја подигне раката.

Иако Џејмс е богат човек и може да си дозволи многу, желбите на Мараја станале неподносливи. Двојката направи свршувачка во јануари годинава откако претходно беа во врска нешто помалку од една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top