| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеаните две жени језиди во масакрот во Ирак добитнички на наградата на ЕП

Европскиот парламент денеска одлучи наградата Сахаров 2016 за слобода на духот да им ја додели на двете жени језиди од Ирак, кои го имаат преживеано масакрот на Исламската држава во Ирак.

Надиа Мурад и Ламиа Хаџи Башар станаа личности за одбрана на језиди заедницата, откако го преживеа кошмарот како и илјадници други млади девојки грабнати и принудени на сексуално ропство од страна на терористичката организација Исламска држава.

Кандидати за наградата година беа Чан Дундар, новинар и бранител на слободата на изразувањето во Турција, Мустафа Џемилиеф, лидерот на Кримските Татари, Надја Мурад Бас и Аџи Ламија Башар, преживеаните од Језиди заедницата од масакрите на Даеш и Илхам Тохти, ујгурски активист.

 

sak_2016_web_banner_925_x_244_3_nadia_murad_lamiya_aji_bashar

Наградата Сахаров за слобода на мислата е парична и е во висина од 50 илјади евра. Се доделува од 1988 година на поединци и организации кои ги бранат човековите права и слободи. Минатата година наградата му беше доделена на Раиф Бадави, саудиски блогер и бранител на човековите права. Тој е автор на веб-сајт Слободен Саудиски либерал. Уапсен во 2012 година, тој беше осуден на 10 години затвор и 1000 удари со камшик и голема парична казна за навреда на исламските вредности на својата веб страница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top