Русија привршува со изработката на хиперсонично вооружување- ракета која може да постигне брзина и десет пати поголема од брзината на звукот, пишуваат руските медиуми.
Ова вооружување не е ниту противвоздушно, ниту противракетно, туку напаѓачко. Експертите велат дека вакво оружје не се користи за разбивање на противракетна одбрана туку за да мине низ неа.
Предноста му е во големата брзина. Програмата за развој на оружјето ќе биде развиена до крајот на летово. Во овој проект учествуваат повеќе од 60 компании. На ваков тип ракета се работело уште во времето на СССР, а од 2009 година повторно се истражува на оваа тема по нарачка на министерството за одбрана на Русија.
Експертите исто така велат дека ваков тип ракета нема смисла ако не постои авион кој ќе може да ја понесе и да ја лансира, или пак ако нема платформа за лансирање од подморница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


