| четврток, 6 декември 2018 |

Игра на судбината: Ja удрил со автомобилот, но всушност ѝ го спасил животот

Триесет и седумгодишната Британка Тања Кембел-Смит тргнала со автомобил по нејзината ќерка во училиште, кога непознат возач на раскрсница налетал на неа, а потоа побегнал од местото на несреќата.

Иако се здобила само со полесни повреди, жената сепак одлучила да оди на лекар. И добро постапила, бидејќи при физиотерапија ѝ бил откриен мал јазол, за кој се воспоставило дека е редок облик на рак на јајниците. Болеста била во стадиум пред завршниот.

– Мислам дека станува збор за судбина. Доколку не дојдев, немаше да го знам тоа што го знам сега. Кога ќе погледнам назад, мислам дека тоа беше благослов – изјавила Кембел-Смит за британски „Mирор“.

Така човекот кој предизвикал сообраќајната несреќа ѝ го спасил животот. Мајката била подложена на хемотерапија, која била успешна, а од 3 октомври знае дека го победила ракот.

Сопругот Ендру и нејзините ќерки се пресреќни.

– Ќерките многу се израдуваа кога ги дознаа вестите. Нивните мали лица се разведрија и ме прегрнаа – рекла таа.

Полицијата досега не открила кој ја предизвикал спасоносната несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top