Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 28 октомври 2016 година, ќе читате:
Интервју: Митко Чавков, директор на БЈБ
СДСМ формираше предизборна параполиција
Сакам да ја информирам македонската јавност дека во иднина не исклучувам незаконски ангажман на партиски војници кои се распоредени во единицата „Алфи“ и да посочам на опасноста и ризиците по функционирањето на македонската полиција преку 140-те партиски војници кои се незаконски распоредени, од првиот до последниот, вели директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков во интервју за неделникот Република.
Отворено писмо
Госпоѓо Јанева, СЈО го дискредитиравте вие, а не „Република“
Веднаш на почетокот сакам да ви укажам вината за нарушување на авторитетот да не ја барате во неделникот, туку во вашиот минат труд како специјален обвинител и на вашите соработници од СЈО и тоа исклучиво поради непрофесионалното и необјективното извршување на функциите кои ви се доверени во еден исклучително сензитивен период за државата со единствена цел – расчистување на кризата, а не водење хајка против една политичка партија. Тоа ќе ви го образложам во продолжение преку примери.
Од друга страна, нашиот медиум не е единствениот кој веќе подолг период наназад ви забележува на тенденциозноста при водењето на истрагите. На злоупотреби на институцијата со која раководите укажа и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан при неговата последна посета, а притоа не видовме дека испративте демант до неговата канцеларија или дека го обвинивте за „обид за дискредитација“.
Зошто ни е потребна стабилна влада?
Македонија пред избори, регионот пред хаос
Свртена кон себе и кон своите детски болести, Македонија веќе неколку години по ред ги игнорира дестабилизирачките регионални процеси и глобални трендови кои силно може да влијаат врз неа во блиска иднина. Можноста за негативни последици врз Македонија не може да биде целосно исклучена доколку најновите предвремени избори минат во мирна атмосфера и кроток процес на составување стабилна влада, но ќе биде драстично зголемена доколку земјата по 11 декември, место во мирен период, влезе во нова криза, улична демократија и тензии.
Кампања без основа
Заев ветува сѐ за сопствен спас
Да не е трагично, би било смешно. СДСМ се обидува да ја сокрие „албанизацијата“ и предизборно промовира проекти кои веќе функционираат. Но, ниту Заев верува во тоа што го зборува ниту му е грижа што мисли јавноста. Важно е партиските џокери СЈО и МВР на Спасовски да го ублажат падот на изборите. Но, по дипломатските насоки кон СЈО да се притаи до изборите, што ли заевистите навистина може да предизвикаат за сопствен спас?
Втор картон за СЈО, следува ли исклучување?
Чудесна опозиција: борба на Јанева за место под сенката
Во светот сите се тепаат за место под сонцето, но не и во Македонија. Јок. Тука, барем во СДСМ и во филијалите како СЈО, битката е за сенката. Онаа на чадорот. А, на Јанева сенката ѝ бега. По Хан, пристигна уште едно предупредување и барање од ЕУ да „дигне рачна“ со антивмровштината, бар до избори. Истовремено, ЕУ го намали изборот на СДСМ. Ќе мора да ги признае изборите на 11 декември. Уште една причина за панична активација на услугите на СЈО. Кога Јанева е вашиот единствен избор или кога немате избор, а изборите доаѓаат…
Десетти во свет, петти во Европа
Македонија во клубот на најуспешните економии
Заземањето високи позиции на листите што ги оформуваат меѓународните финансиски институции влева доверба кај странските инвеститори и претставува водечки императив при изборот на земја за инвестирање. А, Македонија е пред сите останати земји во регионот. Инвеститори доаѓаат и сѐ повеќе ќе доаѓаат, ја намалуваат невработеноста, го креваат стандардот, со што се заокружува кругот на успехот
Колумна, Никола Србов
Обединета десница одговор на деструктивните сили
Денес Македонија повторно се наоѓа пред големи искушенија, на тие искушенија треба да се има соодветен одговор. Без разлика на политичките партии, мнозинството смета дека треба да го сочуваме тоа што го имаме, а подоцна ќе се бориме политички. За жал, Сандански беше убиен три години по обединувањето. Доколку навистина знаеме да учиме од минатото, тогаш нема да се биеме и по денешното обединување, тоа на Македонија најмалку ѝ е потребно. А што вели искуството во однос на дилемата?
Кога бевме обединети, ја создадовме најмасовната Организација на овие простори која подоцна прерасна во најмасовна организација на европскиот континент. Кога не ни беше наклонета ниту една држава од големите сили, ние успеавме да направиме подземна република, ја направивме бидејќи бевме обединети. Кога бевме обединети, го кренавме востанието кое стана симбол на нашето постоење и желба за сопствена држава. Кога бевме обединети, го држевме отворено македонското прашање. Кога бевме обединети, ѝ пркосевме на Европа исцртувајќи мапи кои беа против нејзините интереси во тој период.
Црните страници на УДБА
Том IV – Ченто и Доцев на удар
Четвртиот том од едицијата „Црните страници на УДБА“, насловен како „Ченто и Доцев на удар“, го сочинуваат две досиеја, на 710 страници – тие на Методија Андонов-Ченто и на Ѓорѓи Доцев. Од 710 страници, на 333 се поместени и оперативното и судското досие на првиот претседател на асномска Македонија, а 377 страници на Доцев, за кого од приложените документи може да се заклучи дека бил воден од идеологијата за самостојна и обединета Македонија, по теркот на основоположниците на Македонската револуционерна организација.
Двоглед
Јанева: Не е мобинг ако си го карам внучето, ја го плаќам, има да ме слуше
„Значи, не може мене некој си син.. син… ди… катен лидер да ми каже, значи како јас да разговарам со мојот внук од сестра. Значи, јас Катица знам дека детето ништо не уче, дека го примевме откако дада ми јаве и ми вети дека ќе ги заврше сите испити за година дена само да поработе малу за пракса да име искуство, да не е само сировина таква теоретска. И саа ако не го искараш, како ќе уче. Ја си го сакум и коа ќе го карум, како шо си го сака тетка своето внуче!“, рече Јанева во своја одбрана во процесот отворен од Синдикатот по пријава на непознат сторител, но познат внук.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст