| четврток, 6 декември 2018 |

Боледува од рак на дојка, но не престанува да танцува (фото)

Балерината Меги Кудирка боледува од рак на дојка, но не престанува да танцува додека се бори со болеста.

Кудирка секојдневно ја подигнува свеста кај младите жени за ракот на дојка, потсетувајќи ги дека никој не е имун на оваа болест. Таа го создала профилот на Facebook „Ќелава Балерина“ за време на хемотерапијата, кога ја изгубила својата коса и го користи како платформа за информирање.

02

– Сакам да ги информирам луѓето дека ракот на дојка може да се појави кај секого, на која било возраст. Никој не е имун, никој не е премлад, никој не е премногу фит – вели таа.

03

Во 2014 година, на Меги ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 4 стадиум. Таа имала само 23 години кога почувствувала грутка на едната града.

Но, карциномот имал метастази на коските на Меги, а тоа значело дека за него нема лек.

– Светот ми се преврти наопаку. Многу прашања се појавија во мојот мозок. Се прашував дали некогаш повторно ќе танцувам. Не знаев како да реагирам и започнав да плачам неконтролирано. Кога ракот на дојка се појавува кај некој помлад од 30 години, најчесто се шири брзо и е метастазиран уште при првата дијагноза. Кај многу млади жени, во периодот додека да почувствуваат грутка, ракот веќе се има проширено на коските, мозокот, црниот дроб или белите дробови, како што ми се случи мене – додава таа.

04

Поминала низ операција за отстранување на градите и сега преку лекарства го држи ракот под контрола, а во меѓувреме не престанува да танцува, тврдејќи дека „балетот ја одржува во живот“. За жал, поради лекарствата, таа влегла во менопауза уште на 25 години.

06

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top