Повторно на два часа од земјотресот од 6,3 степени, нов земјотрес го погоди регионот на Рим. Во 23.42 часот земјотресот со јачина од 5.4 степени имаше епицентар на 143 километри од Рим. Два часа по првиот земјотрес со магнитуда од 5,4 степени по Рихтеровата скала, централниот дел на Италија во 21.18 часот го потресе уште еден, посилен земјотрес од 6,3 степени, Епицентар е подрачјето на Перуџа.
Италијанските медиуми објавуваат фотографии од разурната црква и други градби во регионот Марке.
Засега нема информации за загинати или повредени, но има првични информации за материјални штети, односно оштетувања на градби.
Денеска имаше вкупно 12 земјотреси во Италија, од кои претходните со послаб интензитет.
Овие земјотреси се случуваат на два месеци по катастрофалниот кој го уништи градот Аматриче на 24 август годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.