| четврток, 6 декември 2018 |

На Рим му се заканува катастрофа: Се разбуди вулканот Албано!

Вулканот Албано во Италија, за кој се веруваше дека е одамна угасен, повторно се разбуди и би можел да еруптира.

Научниците откриле дека вулканот Албано, кој се наоѓа во близина на Рим, по 36.000 години почна да покажува знаци на активност.

Во областа на вулканот почнале сеизмички активности, а пораснало и нивото на езерото кое се наоѓа во неговиот кратер. Порастот на нивото на водата укажува на тоа дека магмата почнала да се движи нагоре, објаснуваат научниците.

Овој вулкан пред последната ерупција бил активен во периоди од по 31.000 години. Вулканологот Фабрицио Мара смета дека наредната ерупција би можела да се случи за најмногу 1.000 години.

Научниците сметаат дека ерупцијата на вулканот Албано би можела да има деструктивна моќ како експлозијата на Везув, кој во 79 година пред нашата ера ја уништи Помпеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top