Околу 22 часот вечерва, на булевар Климент Охридски возило марка „голф 4“ со скопски регистарски ознаки прегази девојче, потврдуваат од МВР.
-Сообраќајката е пријавена во 21:50 часот. Прегазен е пешак-девојче кое е пренесено на Ургентниот центар“, велат од МВР.
Тие додаваат дека увидот сѐ уште трае, дополнително ќе бидат утврдувани причините поради кои дошло до сообраќајната незгода.
Девојчето, дознава според пишувањата на ТВ Нова веќе се наоѓа во Ургентниот центар и е во стабилна состојба. Во моментот се утврдуваат повредите со кои се здобила, по што ќе бидат направени дополнителни испитувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст