Според резултатите на бројни испитувања, телото и метаболизмот ќе бидат поздрави ако спиете во студена соба.
Спиењето во студени простории може да го подобри метаболизмот на тој начин што телото согорува повеќе калории додека спиете. Најздраво е да го покриете телото, а главата да ја оставите откриена.
Некои истражувања покажуваат дека симптомите на некои болести како апнеа на пример се намалуваат ако спиете во студена соба.
Температурата на телото природно паѓа додека спиеме и баш затоа понекогаш ни е студено и се будеме среде ноќ, дури и во летните месеци. Ако спиете на студено, температурата на телото побрзо паѓа и побрзо се заспива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.