| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските фудбалски надежи поразени на стартот од квалификациите за ЕП

makedonija-u17

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го забележа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство, во квалификационите мечеви кои се одржуваат во Италија.

Нашите надежи потполно беа надиграни од младите фудбалери на Србија и заслужено беа поразени со 3-1, а победата на нашиот северен сосед им ја донесоа Гавриќ со гол во првото полувреме и Ступаровиќ со два гола во вториот дел. Единствениот гол за нашата репрезентација го постигна Фазали од пенал во финишот од мечот.

Покрај Македонија и Србија во групата 3 учествуваат и Албанија и Италија, а за два дена нашите репрезентативци ќе го одиграат вториот дуел од овие квалификации против домаќинот, Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top