Нова градинка со капацитет да згрижи 100 деца од предучилишна воздраст беше пуштена денеска во Горно Лисиче, општина Аеродром.
Изградбата на градинката „Лавче“ почна на почетокот на годината, а вредноста на инвестицијата е 14 милиони денари, обезбедени од општина Аеродром и Министерството за труд и социјална политика.
– Овој проект е долгогодишно барање на жителите што живеат во ова населено место и со реализација излегуваме во пресрет на голем број жители од ова населено место. Тука не запираме и понатаму продолжуваме во соработка со Општина Аеродром која што морам да посочам дека е пример за општина која што се грижи за создавање нови капацитети за згрижување деца од предучилишна возраст – изградба на нови градинки, истакна на отворањето на градинката дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.
Потсети дека во завршна фаза е и изградбата на новата детска градинка, целосна инвестиција на Општина Аеродром, за згрижување 200 дечиња, а најави и дека во 2017 година се планира изградба на уште една градинка во оваа општина.
– Општина Аеродром ќе биде опфатена и со проектот за изградба на нови 140 детски градинки, при што се планирани најмалку нови три детски градинки. Со ова целосно ќе се реши проблемот со листите за чекање или, пак, недоволниот капацитет којшто и континуирано заеднички го решаваме. Секако нашиот план е целосно да се создадат капацитети и да се задоволат потребите на сите родители што живеат на територијата на општина Аеродром, меѓутоа и на територијата на Градот Скопје и во секоја општина во нашата држава. Со проектот за изградба на 140 нови градинки ќе се отворат капацитети за згрижување на околу 18.000 дечиња што е огромна бројка, рече Спасов.
Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски истакна дека ова е прва нова градинка во Горно Лисиче, а втора изминатите неколку години во општината.
– Ова е заедничка инвестиција на општина Аеродром и Министерството за труд и социјална политика. Би сакале да изразиме огромна благодарност за соработката која што ја имаме со ова Министерство и се надеваме дека таа ќе продолжи и понатаму во интерес на жителите на општина Аеродром, рече Коневски.
Додаде дека општината во моментов работи на уште една нова градинка, во населбата Јане Сандански.
– Очекуваме наредниот месец и таа да биде готова и пуштена во употреба. Се работи за градинка со капацитет за повеќе од 200 дечиња. Интенцијата на Општина Аеродром е да ги згрижиме до крајот на 2016 година сите дечиња во нашата општина, што значи да ги обезбедиме потребните капацитети. Се надевам дека во соработка со МТСП оваа наша желба ќе биде остварена, ќе се реализира до крајот на 2016 година на задоволство на сите родители и жители на општина Аеродром.
Спасов претходно информира дека во изминатите 10 години се отворени вкупно 54 детски градинки, со што, како што рече, е излезено во пресрет на огромен број на семејства и се задоволени нивните потреби за згрижување деца од предучилишна возраст во детските градинки. Само годинава, рече, се отворени 12 градинки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка