Откако се појавија топлес фотографии од Аделина Таири, албанската пејачка која танцуваше во „Танц со ѕвездите“, таа реагира дека се работи за фотомонтажа. Во изјава за Вест вели дека фотографиите кои беа објавени вчера не се нејзини, туку станува збор за фотомонтаж. Тврди дека во целата игра не е вмешано нејзиното поранешно момче, како што објавија албанските медиуми.

Таа додава дека доколку сакала такви фотографии ќе ги направела со професионален фотограф и со подобар квалитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


