Во Конче, граѓаните не пречекаа со отворени врати затоа што знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот партнер на граѓаните, и вистински избор со кој земјата чекори напред.
-Пред нас се уште едни избори, предвремени парламентарни избори, се наоѓаме во период кога народот одлучува, кога граѓаните го имаат последниот збор, кога повторно гласно се вели ДА за напредна економија, за нови вработувања, поголми плати и пензии, за младите современ образовен систем, стипендии, за нови патишта кои ќе поврзуваат само успеси, со нови инвестиции, многу транспорт и развојна пазарна Македонија. Сето тоа е во сржта на ВМРО-ДПМНЕ и економскиот тим предводен од Претстедателот Никола Груевски изјави Анастасија Иливеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Реформи и мерки кои до сега покажаа високи резултати. Во време на политичка криза во 2015, пензиите се покачени за 5%, а исто толку ќе се покачат и 2016 со исплатата на ноемвриските пензии. Од 2006 до денес во просек се зголемени за 70 %. Тоа е голем успех, и тоа значи повторно победа на 11 декември.
Социјална помош во време на политичка криза, зголемена во 2015 за 10 % и во 2016 за 5 %, а социјална помош од 2006 до денес е зголемена за цели 62%. Тоа е поткрепа за социјално ранливите категории, тоа е голем успех, што значи повторна доверба од граѓаните.
Со проектот Македонија вработува, за точно една година се вработија дури 19 илјади лица, при што 10 138 фирми ги искористија поволностите кои се нудеа. Тоа значи конкретна егзистенција за многу семејства, за луѓе кои претходно не биле вработени а сега редовно земаат плата, тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ да се овозможи пристоен животен стандард за секој еден граѓанин во Македонија.
За разлика од нашата партија, во СДСМ владее еден друг пристап и концепт на работа, кој е заснован на принципот ветено-неостварено или поточно излажано. Концепт на манипулација и поигрување со државните интереси, со поткопување на темелите на државноста.
Доаѓа крајот, на 11 декември граѓаните повторно ќе речат НЕ на СДСМ и партијата што шири само демагогија и лажни ветувања.
На 11 декември, велиме силно за нови проекти, за нови реализирани дела, за Програма која значи сигурна и стабилна Македонија, со нови предизивици и посветена работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст