Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од денес и во наредните неколку дена заедно со партиска делегација во чиј состав се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Влатко Ѓорчев, како и членот на извршниот комитет Никола Попоски, ќе бидат во посета на Лондон Велика Британија.
Целта на посетата е остварување на повеќе билатерални средби со повеќе пратеници, политичари, луѓе од јавниот и политички живот, тинк тенк организации кои остваруваат влијание во велика Британија.
На средбите ќе бидат афирмирани интересите на Република Македонија, од повеќе аспекти кои се вазни за државата. Инаку за кус период, по посетите на Вашингтон и Берлин ова е трета политичка посета на Груевски на важен политички светски центар како што е Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст