| четврток, 6 декември 2018 |

Белград: случајот за убиството на францускиот навивач се враќа на повторно судење

Апелациониот суд во Белград донел одлука да се повтори постапката за убиството на францускиот навивач Брис Татон пред Вишиот суд.

Како што јавуваат српските медиуми, судењето на групата навивачи на Партизан најваројатно ќе почне од почеток, иако Вишиот суд кон крајот на март го одби барањето на осудениот Иван Грковиќ и Дејан Пузигача за повторување на постапката.

Апелациониот суд во последните неколку месеци укина пресуди во неколку големи и тешки случаи. Судењето за убиството на францускиот навивач беше проследено со низа пропусти кои фрлаат сомнеж врз пресудата.

Татон беше претепан на 17 септември 2009 година во центарот на Белград непосредно пред натпреварот Партизан- Тулуз, а почина неколку дена подоцна. Во август минатата година се појавила сведоци кои тврдеа дека Французинот не бил турнат од тераса туку сам паднал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top