| четврток, 6 декември 2018 |

Како да заштедите кога имате мала плата?

Ова се шесте начини како да заштедите некој денар и покрај слабите приходи.

1. Дополнителна работа

За време на економската криза, се повеќе луѓе се насочуваат кон „дополнителната работа“. Неколку часа неделно можат да ви донесат некој денар повеќе на вашето салдо.

2. Контролирајте се

Одењето во шопинг центар може да биде погубно за вашиот паричник ако немате контрола. Ако често одите по едно, а покрај тоа купувате и друго, време е да престанете со таа пракса.

3. Размислување за иднината

Трошењето на парите често е резултат на импулсивното реагирање во кое не сте свесни колку всушност ве чини тоа. Затоа пред да ја искористите картичката два пати размислите дали навистина имате потреба од работите кои сакате да ги купите.

4. Исчистете ги минусите и долговите

Иако животот во „минус“ денес е нормален, на долг рок тоа не се ваши пари и кога-тогаш ќе мора да и ги вратите на банката. Истото важи и за одложувањето при плаќањето со картичка.

5. Размислете што сакате со парите

Поставете си цел што сакате да постигнете со парите, и со финансиски план за секој денар и со паметна организација започнете да ја остварувате целта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top