Вознемирувачко видео снимено во Сирија ја шокираше светската јавност која уште еднаш се увери дека во оваа арапска земја се случуваат ѕверски убиства пред очите на меѓународната јавност.
Според организацијата Хјуман рајтс воч човекот кој го корне срцето на мртвиот војник е Абу Сакар водач на бунтовничката група Бригадата Фарук.
Во видеото се слуша како вели „се колнам во Алах дека ќе ги изедам срцата и црните дробови на војниците на кучето Башар.“
Во нецензурираната снимка, според оваа организација, водачот на групата ги повикувал неговите следбеници „да ги заколат алавитите и да им ги изедат срцата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


