| четврток, 6 декември 2018 |

Проси додека на улица пишува домашна: Тажна детска судбина (фото)

За повеќето деца викендот е време кое го поминуваат со своите родители и си играат со своите најдобри другари. Но, за Џи Хонгхонг, саботите и неделите значат една работа – просење на улица покрај нејзиниот татко. Малечката Џи е сензација во Хонгконг. Шестгодишното девојче е фотографирано како учи и ја пишува својата домашна задача, покриена со ќебе додека проси покрај нејзиниот татко.

kina-3Фотографиите се направени во градот Линји , во северна Кина, провинцијата Шандонг. Девојчето изјавило за новинарите дека таа мора да проси покрај нејзиниот татко за време на викендите.

kina-4-Ја завршив домашната која ни ја даде наставничката, ова е задача од татко ми. Тој сакаше да продолжам со учење на кинеско спелување, со задачи кои и наставничката уште не ни ги покажала – изјавило девојчето.

kina-5Инаку, покрај со таткото, девојчето живее со нејзината мајка која има ментално заболување, нејзината 80-годишна баба и постариот брат.

kina-6Селото каде живее семејството Ванг знае за нивната состојба и се обидува да им помогне како може, а просењето е единствената работа која сега засега можат да ја направат. Многумина се надеваат дека тоа што нивната приказна стана вирална, ќе им помогне да не просат на улица, туку таткото да најде соодветна работа со која ќе може да го издржува семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top