Џек Бауер се враќа на малите екрани. Мега популарната серија 24 и официјално се враќа на телевизијата ФОКС, откако Кифер Сатерленд потпиша за нови 12 продолженија на серијата.
Сатерленд повторно ќе биде суперагент на американската тајна служба, откако по две сезони е укината неговата драма со наслов Допир. За разлика од претходните сезони кои имаа по 24 епизоди, овој пат ФОКС најавува само 12.
– Секогаш постоела идеја за еден ден да се сними игран филм. Мислам дека сите се сложија дека 24 собран во два часа не е 24. Тоа што може да се направи е хронолошки да се следат деновите, да се прескокнат часовите, вели Кевин Реили, претседател на Фокс ентертејмент.
Премиерата на новата сезона се очекува во мај идната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.