На меѓународен тендер ќе оди продажбата на дипломатско-конзуларните претставништва на поранешна Југославија кои се наоѓаат во Токио, Бон, Берн и Њујорк како и стан на Менхетен. Ова е договорот што го постигнале петте држави наследнички на поранешна СФРЈ на состанокот во Словенија.
Имотот е вреден околу 42 милиони долари а земјите се согласиле дека таа може да се продаде по повисока цена доколку се распише меѓународен тендер кој ќе биде објавен во „Вашингтон пост“ и „Економист“.
Секоја земја нема да добие иста сума и прашање е колку од овие пари би добила Македонија.Србија се надева дека ќе и припадне третина, а слични побарувања има и Хрватска.
Овие објекти со години зјаат празни и на нив се фрлаат големи пари за одржување.На пример станот на Петтата авенија во Њујорк заклучен е од 1992 година и досега има „изедено“ 2,7 милиони евра.
Следниот состанок ќе се одржи во март во Белград.Досега се поделени 72 од вкупно 123 објекти.Поголемиот дел ги користи Србија како свои амбасади.
Државите наследнички на распаднатата СФРЈ: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Сојузна Република Југославија (денеска Србија) на 29 јуни 2001 година во Виена го потпишаа Договорот за прашањата околу наследството на СФРЈ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.