Дваесетидевет годишен маж од Австралија кој го години работи како ескорт џентлемн во Лондон открива детали од својата професија.
Со простотуција која во Велика Британија е легална, почнал да се занимава пред 10 години. Претходно работел за една голема корпорација и како што вели самиот, таму се чувстувал повеќе искористено, отколку како ескорт џентлмен.
– Некогаш одам на вечера со клиентите, некогаш во кино, казино или во нивните приватни јахти и авиони. Понекогаш тие доаѓаат во мојот стан или пак јас ги посетувам во нивните куќи или во хотел – објаснува тој.
Според него, потешко е да работиш сам, бидејќи сета работа ја водат макроата и борделите.
Открива дека клиентите повеќе му се мажи, но тој преферира да спие со жени или трансексуалци.
– Уживам во сексот со машките клиенти, но тоа е само мал дел од мојата сексуалност. Ако имам само мажи, тогаш не би бил задоволен од работата – вели тој.
Ако клиените доаѓаат кај него, наплатува 22- долари на час, а ако тој оди кај нив, тогаш цената е 300 долари. Цифрата се зголемува ако ја напушта земја, а ако оди во Дубаи, тогаш е двојно поскапо.
Некои клиенти се вљубиле во него, па имало и непријатни ситуации.
– Често ми велат „Те сакам“ и јас морам добро да размислам што да им одговорам, а да не им дадам лажна надеж – вели тој.
Не се бакнува со клиентите, користи заштита, не се дрогира и нема сексуален однос со двајца мажи истовремено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст