| четврток, 6 декември 2018 |

Биолозите останале во шок: Во лабораторијата им растелa ајкула со две глави

26

Биолозите од шпанскиот универзитет во Малага откриле ембрион на ајкула со две глави, пишува Вокс. Тие го забележале овој феновмен во текот на нивното истражување на ајкулите „Galeus atlanticus“ во својата лабараторија каде истражувале како се развива нивниот кардиоваскуларен систем.

– Секоја глава имаше уста, две очи, мозок и пет отвори од секоја страна, навеле авторите на истражувањето кое подоцна било објавено во „Journal of Biology“.

Двете глави се спојувале во едно тело кое имало две срца и два желудника.

Ова е прв пат научниците да откријат ајкула со две глави кај врста која положува јајца, се наведува во истражуваањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top