Подготовките за изградба на затворена тениска арена и сала за гимнастика во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ добро се одвиваат, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на бункер за нов линеарен акцелератор за потребите на ГОБ „8 Септември“.
Груевски појасни дека во моментов се прави проектот и ќе биде објавен конкурс. Според проценките на експертите, како што рече, тоа се прави за околу три месеци и најдоцна во мај, јуни следната година ќе почне изградбата на оваа сала, која ќе има неколку компоненти.
– Ќе има три терени за тенис и еден за падел-тенис. Ќе има професионална гимнастичарска сала, според највискоите стандарди на Светската федерација за гиманстика. Ќе има повеќе сали за боречки спортови, тука ги вклучуваме карате, бокс и борење и другите слични спортови, рече Груевски.
Тој нагласи дека се работи за еден комплекс, една зграда која ќе биде поделена на три дела, каде ќе може да се тренира и да се одржуваат натпревари во овие категории.
– Првпат ќе добиеме затворени тениски терени кои ќе бидат монтажни и во летен период ќе можат да се отворат и да се користат, рече Груевски и додаде оти не се работи за балони, туку за објекти, кои ќе бидат затворени и ќе можат да се отвораат на лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии