| четврток, 6 декември 2018 |

Саем за стипендии „Студирај во странство 2016 “

Седмиот саем за стипендии „Студирај во странство 2016 “ се одржува денеска во Скопје. Годинава првпат на саемот има директни учесници од универзитетите од САД и Канада, најави Образовениот информативен центар – ЕАЦ, кој е организатор на саемот.

Стипендиите „Експо – Студирај во странство“, како што велат од ЕАЦ, е настан за македонските студенти кои сакаат да студираат во друга земја.

Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со претставници од многу приватни и јавни универзитети и да изберат меѓу голем број програми за студирање, стипендии и други форми на можности за финансиска помош достапна за македонските граѓани за студирање во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top