| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија поставува ограда на два гранични премини со Хрватска

Словенија, на граничниот премин со Хрватска Брегана-Обрежје, вчера почна да поставува метална панелна ограда, а поставување ограда почна и на преминот Груковје-Мацељ, објави агенцијата СТА, повикувајќи се на функционери во словенечкото МВР.

– Ако избиен нов мигрантски бран, граничниот премин ќе биде зтаворен, изјави државниот секретар во словенечкото МВР Андреј Шпенга.

– Словенија ќе стори се за миграцијата да не ја загрози безбедноста на словенечките државјани, додаде Шпенга.

– Поставувањето панелни огради на два големи гранични премини со Хрватска е во рамки на планираното поставување привремени технички пречки. Досега Словенија постави 183 километри течнички пречки за насочување на мигрантите долж својата граница со Хрватска, истакна Шпенга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top