Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го продолжи договорот во петокот со Барслеона до јуни 2021 година, соопшти каталонскиот фудбалски гигант.
Новиот договор на Нејмар содржи откупна клаузула која во првата година од новиот договор изнесува 200 милиони евра, а во третата дури 250 милиони евра. Засега не е познато колку ќе изнесува неделната плата на Бразилецот, но според медиумите сигурно е дека таа ќе биде повисока отколку досегашната.
👇 All the @neymarjr goals in the 2015/16 season 👇https://t.co/zuTksVQRoR
⚽️ #Neymar2021 pic.twitter.com/FAOgWKEFo6— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 21, 2016
– Навистина сум среќен поради обновувањето на договорот, бидејќи во Барселона се чувствувам како дома -изјави Нејмар.
Купувањето на Нејмар за Барса се покажа како вистински потег, бидејќи откако пристигна во летото 2013 година освои дури девет титули: два трофеа во шпанското првенство, два во националниот куп, една во Лигата на шампоните, две во шпанскиот Суперкуп, еден европски Суперкуп и една титула на светски клупски првак.
@FCBarcelona better than Pelé
— El 5 Culé (@Puyolofia) October 21, 2016
Во 1.500 натпревари одиграни за Барселона, Нејмар постигнал 91 гол, од кои 59 во Примера, 19 во Лигата на шампионите, 12 во Купот на кралот и еден во шпанскиот Суперкуп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот