| четврток, 6 декември 2018 |

Каде во Европа живеат најдебелите луѓе?

Секој шести човек во Европската унија е дебел или тоа е 15.9% од вкупното население во Европа.

Со 26% дебели луѓе, Малтежаните се најдебели во Европа, пишува Евростат.

Најслаби се Романците каде има само 9.4% дебели луѓе.

Истражувањето покажало дека колку се постари луѓето во одредена земја, толку и бројот на дебели луѓе е поголем. Исклучок тука има само кај луѓето постари од 75 години.

Само 5.7% од луѓето до 24 години се дебели.

Кај повозрасните дебели се 22.1% од граѓаните.

Разлики има и според степенот на образование. Kај високообразованите луѓе има 19.9% дебели луѓе, а кај нискообразованите дебели се 11.5%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top