Некогашната мисица Дијана Милојковиќ (28) го привлекла вниманието на српската јавност кога пред две години на натпреварувањето Word Next Top Model во Бејрут освоила дури две титули – Мис Европа и Мис спорт. Во меѓувреме, Дијана се омажила, го променила своето презиме во Кариќ, а денес води тешка битка со ракот, пишува српски „Блиц“.

Оваа убавица одлучила да ги сподели своите искуства со јавноста, па креирала блог на кој отворено ќе зборува за борбата со инвазивниот канцер.
-Борбата засега е успешна, знам дека кај нас ретко се зборува за тоа, па затоа сакам моите искуства да ги споделам со вас. Со задоволство ќе одговарам на сите прашања и коментари и ниедна тема нема да ја заобиколам“, рекла Дијана во видео снимката.

-Минатата година ми беше дијагностициран инвазивен карцином на матката, а само неколку месеци после тоа и метастази во лимфните жлезди – во абдоменот и вратот. Иако моите прогнози беа многу застрашувачки, во ниеден момент не се самосожалував и не патев над мојата судбина. Верував во себе и знаев дека ќе излезам како победник! Значи, првиот живот го живеев цели 27 години пред да откријам дека имам карцином, а вториот го живеам сега – многу посилна, малку посебична и најсигурна во себе, напишала храбрата Дијана.

Голема поддршка за време на лекувањето на Дијана ѝ пружа нејзиниот сопруг Стефан, а љубовта кон болната сопруга тој ја покажал кога одлучил да си ја избричи главата, откако Дијана по хемотерапијата останала без коса, пишува српски „Блиц“.

-Сè додека си тука, јас воопшто не се плашам, јас не се плашам од никого, напишала таа на Инстаграм, а овој потег предизвикал воодушевување кај нејзините следбеници на оваа социјална мрежа.
Дијана сега носи перика, но не се срами да покаже како изгледа и без неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


