Познатата водителка на утринската програма на телевизијата „Канал 5“, Милена Антовска, после долгогодишна љубов со своето момче, ја прекина врската.
Од извор близок на водителката дознаваме дека Милена конечно решила да стави крај на врската бидејќи на момчето на Антовска му пречела нејзината популарност.
– Милена веќе подолго време размислуваше на ваков чекор. Нивната врска беше во криза долго време, но сепак таа ѝ даваше шанса на врската со цел да ја спасат. Сега откако е сама, Милена е посреќна, а тоа се гледа и по нејзиното лице – вели блиска пријателка на познатата водителка која сакаше да остане анонимна.
Сигурни сме дека на оваа информација најмногу ќе се израдуваат припадниците на посилниот пол, со оглед на тоа дека Антовска важи за една од најзгодните водителки на телевизиските екрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст