Најголемата балканска ѕвезда на сите времиња синоќа официјално ја доби наградата за животно дело во сараевски Зетра. Во преполната сала, на прославата на 25-годишнината од компанијата „Аваз“, Брена во спектакуларен стил го прослави својот 56 роденден.
На воодушевување од бројните фанови, на сцена слезе од небо! Со помош на специјални сајли за кои беше закачена пејачката, пеејќи се симна облечена во долг црн фустан.
Пејачката испеа 16 песни, а сараевската публика на бина и го донесе транспарентот на кој пишуваше „Сарево те сака, среќен роденден“ кој пејачката го нагрна. Целата хала ја пееше гласно роденденската песна, а прославата потоа е продолжена во еден ресторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)