Деновиве завршија реконструктивните и санациските активности во неколку училишни објекти, од кои, дел однапред беа предвидени во нашата програма за работа и акциски план за 2016 година, а за некои дополнително се обезбедија средства, со оглед на нотираните приоритетни барања на граѓаните произлезени од наши редовни теренски посети, објави на „Фејсбук“ заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
– Темелно се реконструираше подрачниот објект на основното училиште „Илинден“ во кривопаланечко Мождивњак. Нова кровна конструкција се постави во ОУ „Бајрам Шабани“ во Куманово. Се обновија санитарните јазли во подрачното основно училиште „Даме Груев“ во струмичко Куклиш. Ова само ја потврдува нашата заложба и подеднаква грижа за унапредување на образовната инфраструктура во сите општини, рурални и урбани средини во земјата. Вкупната инвестиција на актуелната влада во изградбата на нови училишта и реконструкција на постојни објекти изнесува 50 милиони евра. Со ист интензитет продолжуваме и во периодот што следи – напиша Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.