| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Нека ме поканат и мене да ги пофалам СЈО, па да ја вработат жена ми

Медиумите деновиве пишуваат за вработувањата како награда за бранење на ставови на СЈО, како и непотизам во ова јавно обвинителство.

На ова реагираше новинарот Васко Ефтов, кој на својот „Фејсбук“ напиша:

-Бидејќи сопругата Соња е невработена би било добро да ме поканат на една дебата во „Телма“ или во „24 вести“ каде би ја фалел работата на СЈО и работењето на Катица Јанева, бидејќи тоа е најдобрата гаранција за сигурно работно место. Еве може да ме покани колешката што  во новата сезона од четири емисии две посвети на СЈО или другата колешка кога ги пишува оние убави колумни за ликот и делото на Кате Национале во Германски бран (написано на германски 🙂 ) бидејќи е јавна тајна дека двете колешки заедно го пишуваа последниот извештај за работењето на СЈО, кој потоа беше објавен во јавноста. Вака така СЈО отвори повеќе работни места од која била голема странска инвестиција во РМ- напиша Ефтов на „Фејсбук“.

eftov

Тој во коментар додаде дека „На крајот на краиштата и СЈО е странска инвестиција во Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top