| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнато момче кај „Зелен пазар“

Вчера во 22.10 часот во ПС ОН Центар, Ј.Н. (47) пријавил дека истиот ден во 21.45 часот на ул.„11 Октомври“ поточно во близина на автобуската станица кај „Зелен пазар“, од страна на четири непознати лица било извршено разбојништво на неговиот 15-годишен син, така што едно од лицата прво го претрессло, а потоа му се заканило и му одзело мобилен телефон, по што го напуштиле местото на настанот здобивајќи се со противправна имотна корист од околу 6.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top