| четврток, 6 декември 2018 |

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е базирана на реалните потреби на граѓаните

Додека СДСМ и СЈО заеднички спроведуваат црна кампања и сценарија, ВМРО-ДПМНЕ активно е на терен меѓу граѓаните, ги слуша нивните проблеми и наоѓа решенија.

Низа функционери на владејачката партија во текот на вчерашниот ден посетија огромен број на граѓани во повеќе делови на Македонија. Средбите со нив се успешни и продуктивни, жителите на населените места се задоволни, а се испраќа пораката дека на изборите на 11-ти декември, народот ќе стави крај на голготата во која СДСМ ја втурна нашата земја.

Мисајловски: Имаме обемна програма која ќе допре до секој граѓанин

misajlovski-delveco-640x417

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, вчера имаше средба со граѓаните на Делчево.

Ние сме постојано на терен, освен што ги имаме сите активности во текот на денот, имаме практика да се сретнеме дополнително со граѓаните. Да им порачаме на сите граѓани дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за избори и сме максимално подготвени да ги презентираме сите проекти што се предвидени за граѓани, истакна Мисајловски.

misajlovski-delveco1-640x354

Имаме обемна програма која ќе допре до секој граѓанин. Она што ќе го ветиме да биде инфраструктурен проект, да биде некоја нова градба, исполнето ветување. Сакаме да завршат сите црни сценарија што се подготвени за Република Македонија. Делчево не сака двојазичност, Делчево сака проекти. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи многу силно на следните избори, посочи Мисајловски.

Миноски: Земјоделското производство ќе се стимулира со бројни мерки

kiril-minoski-brvenica1-640x355

ВМРО-ДПМНЕ како партија на народот секогаш е помеѓу народот со цел да ги слушне проблемите и да ги даде своите предлози за нив за следните парламентарни избори. Интензивно работиме на комплетирање на програмата, истата ќе биде најсеопфатна со голем број мерки меѓу кои и креирањето на нови работни места, инвестициите и благосостојба за граѓаните, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Миноски по вчерашната средба со граѓаните во Брвеница.

Со оглед дека сме во населено место во кое голем дел од населението се занимава со земјоделство, како и во изминатиот временски период во кој инвестиравме повеќе од 8 милиони евра поддржувајќи го земјоделение преку бројни мерки, и во следниот период ќе имаме голем број мерки со кои ќе се стимулира земјоделското производство кое ќе биде извозно ориентирано, истакна Миноски.

Костадиновски: Граѓаните ќе ја поразат политиката на редефинирање и двојазичност

vanco-kostadinovski-1-640x358

Како досега што имавме агенда за посета на сите населени места, сега започнуваме со уште позасилено темпо да ги посетиме сите граѓаните, исте земјоделци во Република Македонија да им кажеме дека дојдено е времето кога земјоделците треба да си одлучат за сопствената иднина и да стаат крај на кризата која ја предизвика СДСМ, истакна вчера заменик министерот во МЗШВ, Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ кој оствари средба со жителите на кавадаречко Бошава.

11 декември ќе биде денот кога сите граѓани ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ пред се заради не може да се доведува во прашање егзистенцијата на македонскиот народ преку пазарење со македонските национални интереси. Народот знае да препознае и преку глава им е на сите од таквото однесување на СДСМ и дека дефокусирање на јавноста од секојдневните проблеми, решавање на истите е доведено во прашање во делот на она што значи реализација на проекти, на инвестиции, отворање нови работни места, исплаќање субвенции за земјоделците, истакна Костадиновски.

Тој додаде дека во периодот што следува граѓаните ќе имаат можност на директни средби со функционери од партијата да го кажат својот проблем и да слушнат што се планира во иднина.

На 11 декември граѓаните ќе ја поразат политиката на редефинирање на Македонија и воспоставување на двојазичност на територија на цела република, посочи Костадиновски.

Пешевски: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е базирана на реалните потреби на граѓаните

pesevski-sv-nikole1-640x480

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски вчера оствари средба со граѓаните на Свети Николе на која информираше дека програмата за избори на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, најдобра и најсодржајна е досега.

Базирана е на реалните потреби на граѓаните и насочена кон економски раст и развој на Република Македонија. Победата на ВМРО-ДПМНЕ води кон отворање на нови работни места, изградба на инфраструктурата, инвестиции во здравството и образованието, поддршка кон земјоделците, пензионерите, социјалните случаеви, односно грижа и поддршка за сите граѓани, истакна Пешевски.

Ристовски: По 11 декември ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги спроведува реформите

spiro-rostuse1-640x360

Доаѓаме на директни средби со граѓаните, поголем број на функционери на ВМРО-ДПМНЕ сме на различни локации низ целата територија на Република Македонија за да поразговараме со граѓаните, да ги објасниме сите бенефиции кои ќе се случат по завршување на политичката криза на 11 декември, истакна по средба со жителите на Ростуше Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

На парламентраните избори граѓаните конечно ќе кажат крај за политичката криза и ќе престанат сите деструкции кои во изминатите две години опозицијата се трудеше да ги креира во Република Македонија, но благодарение на поддршката од граѓаните сите успеавме да издржиме во еден ваков навистина тежок перод. Јас сум убеден дека по 11 декември ВМРО-ДПМНЕ со поддршката на сите граѓани ќе продолжи да ги спроведува реформите кои нудат раст, развој на Република Македонија, посочи Ристовски.

Тој потецира дека само на ваков начин Република Македонија може и мора да се развива.

Спасов: До последно ќе работиме да ги зачуваме и заштитиме македонските национални интереси

spasov-kolicani

Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше на средба со граѓаните во Горно Количани, општина Студеничани.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која што стои позади ветеното. Изминатите десет години го дадовме својот максимум во реализација на проекти коишто ги решаваат секојдневните проблеми на граѓаните на РМ, на жителите на секое населено место и овде во Студеничани и во сите останати општини. Намалувањето на невработеноста, креирањето на нови работни места, грижата за пензионерите, грижата за социјално ранливите категории, привлекувањето на нови странски инвестиции, изградбата на водоводи, градинки, патишта, автопатишта, се сѐ уште во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасов.

Ние, додаде тој, и понатаму ќе продолжиме да реализираме проекти со коишто директно ќе го подобруваме животот на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е препознатлива партија меѓу граѓаните, секаде каде што одиме сме срдечно пречекани. Ние не сме овде само за пред кампањите, пред изборите, туку овде сме постојано. Ги следиме проектите коишто сме ги ветиле, остануваме на дадениот збор за нивна реализација. Граѓаните многу добро знаат дека она што ВМРО-ДПМНЕ она што ќе го вети, она што ќе го предвиди како проект, истото и ќе го реализира, истакна Спасов.

Посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто се грижи за заштита на македонските национални интереси.

Ние до последно ќе работме да ги зачуваме, да ги заштитиме македонските национални интереси, да го заштитиме единството во РМ. И понатаму продолжуваме со реализација на низа проекти со коишто ќе го подобруваме животот на секој граѓанин во РМ. Граѓаните многу добро знаат која е разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и помеѓу СДСМ. СДСМ не води никаква грижа за потребите на граѓаните. Се обидуваат со манипулации, со злоупотреби, со лаги и конструкции, со политички прес-конференции да дојдат на власт. Тие знаат дека нема да победат на изборите и знаат дека ги чека најголемиот пораз во нивната историја, рече Спасов при посетата на Горно Количани.

Трпески: Граѓаните ќе кажат „ДА“ за нови инвестиции и подобро утре

slavce-trpeski-640x480

На 11 декември 2016 година Маврово масовно ќе излезе и ќе каже ДА, за нови работни места, за нови проекти, за нови инвестиции и за подобро утре за нас и за идните генерации, истакна на вчерашната средба со жителите од Маврово, Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

Канческа-Милевска: Нема да дозволиме да се наруши интегритетот и суверенитетот на Република Македонија

kanceska-milevska-dracevo-640x356

И на овие избори на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ ќе издејствува најголемата победа досега. Ќе издејствуваме да добиеме најмалку 63 пратеници за да продолжиме со сето она што ќе го реализираме во рамки на најобемната програма која ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ за овие избори, огромен број на проекти во сите сегменти, истакна Елизабета Канческа-Милевска која оствари средба со жителите на скопско Драчево.

Конечно заврши кризата која беше предизвикана од деструктивното работење на СДСМ, криза која нанесе огромна штета, за граѓаните, за нашиот суверенитет и интегритет и за стабилноста на државата. Нема да дозволиме да се наруши интегритетот и суверенитетот на Република Македонија, посочи Канческа- Милевска.

Ѓорчев: На Македонија и е потребна стабилна влада

vlatko-gjorcev1-1-640x360

На терен сме да се посетат што повеќе села, што повеќе градови за да се прати пораката дека Република Македонија сака да заврши оваа криза, дека ни е потребна стабилна влада и дека Никола Груевски е човек кој најдобро може да се грижи за економијата, платите, пензиите. Дека стабилната Влада ќе може да ја врати Македонија на нормален и редовен колосек, истакна од Дебар Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме две гарнитури, една предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која сака што повеќе да се вратиме на редовните проблеми на потребите на граѓаните, што е можно побрзо да се вратиме на периодот на отворање на фабрики нови работни места, зголемување на плати, пензии, субвенции…и од друга страна ги имаме СДСМ и Заев кои сакаат што е можно подолга криза, што е можно полоши економски текови, помалку инвестиции, истакна Ѓорчев.

Димовски: Стратегијата на СДСМ е со разни сценарија да ја продолжат кризата затоа што знаат дека ја немаат поддршката од граѓаните

ilija-dimovski-6-640x373

Интензивно сме присутни во цела Македонија, целта ни е да разговараме директно со граѓаните за тоа во каква состојба се наоѓа Република Македонија и каде треба да се движи. Очигледно е со секој поминат ден дека има различен концепт, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по средбата која ја оствари со граѓаните од Пехчево.

Концептот кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е оној кој значи стабилност на државата, зачувување на унитарниот карактер, на уставното име и националниот идентитет на Македонците. Стабилноста на државата значи и економски напредок, создавање на индустриски зони, помагање на домашното стопанство, вработувања за граѓаните. Од друга страна сме соочени со политичка структура предводена од СДСМ во која е таканаречената Шарена револуција, СЈО кои нудат само деструкција, конфликти и дестабилизација на државата и рушење на институциите, вели Димовски.

Тој додава дека граѓаните многу лесно ја согледувале разликата и знаеле во каква опасност СДСМ ја носи Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top