| четврток, 6 декември 2018 |

Не работи веќе 10 години, а државата му дава плата од 3.700 евра

Стар закон и среќен сплет на околности му носат на овој поранешен директор 3.700 евра месечно, плата која државата мора да му ја дава, а за која тој не мрднува ни со прст.

Боско Херман од 2001 до 2006 година бил генерален директор за услуги во градот Сент Савин на истокот на Франција. Но, новиот градоначалник се искарал со Херман, по што тој бил преместен во нов град, но таму не му бил потребен човек со неговите квалификации.

Херман останува без работа, но не и без плата.

Според закон од 1984 година, кога директор се разрешува од работното место, државата мора да му ја исплаќа платата се додека тој не најде слична работа.

Државата исплаќа 75 центи по евро, а останатите 25 центи ги исплаќа Центарот за јавни услуги.

Така Херман, кој не може да најде работа, веќе десет години секој месец прима 3.700 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top