Специјалното јавно обвинителство денеска свика прес конференција, без притоа да понуди ниту еден материјален доказ, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска по денешните обвинувања за криминал од страна на СЈО во гостувањето во ТВ Нова.
-Сите овие проекти се сложени. Треба да почнете од нула. Лесно е да се критикува, тешко е да се изгради и нештото да се стави во функција. Треба време, посветеност и стручност. Сите што биле вклучени во проектите од Министерството за култура работеле согласно сите закони. Денеска СЈО свика прес конференција без да достави ниту еден материјален доказ, затоа што не постои доказ. Беше споменато дека не е испочитуван член 2, што се однесува на транспарентноста. Набавката уредно беше објавена во бирото за јавни набавки и во службениот весник. Второ, немало анализа за критериуми за конкретната јавна набавка, тоа е неприфатливо, јас тој документ и го покажав денеска на јавноста, истакна Канческа Милевска.
Министерката додаде и дека документацијата била доставена навремено до СЈО и никој не ја попречил работата на обвинителството. Таа ја искритикува и постапката, сметајќи дека неприфатливо е да не биде испочитувана пресумцијата на невиност.
Канческа Милевска гостуваше во отвореното студио на ТВ Нова, заедно со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Повикан беше и претставник од СЈО, меѓутоа од ова обвинителство истакнаа дека не се во можност да присуствуваат на дебатата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст