За време на неговата работа на пазарот, Кан го фотографирала Џаи Али, професионален фотограф, во Исламбад пред неколку месеци, но фотографијата ја објавила на Инстаграм дури пред четири дена.
Таа во описот на фотографијата го ставила хаштагот #chaiwala (продавач на чај), кој набрзо станал многу популарен на социјалните мрежи и Аршад станал главна ѕвезда на социјалните медиуми ширум светот.
„Од утринава на работа ме посетија околу педесет девојки“, рекол Аршад за “Samaa TV“ и додал дека е отворен за филмски понуди.
Добил понуда да биде заштитно лице на една модна марка. Без оглед на големиот успех на социјалните мрежи и во медиумите, Аршад се пожалил поради предрасудите кои се појавиле за луѓето кои припаѓаат на пониската социјална класа.
Колумнистот Фраханаз Захиди по повод овој случај напишал: „Имам проблем со тоа што сите се изненадени дека тој е продавач на чај. Ова момче очигледно пораснал како припадник на пониска класа, а сепак изгледа добро.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.