| четврток, 6 декември 2018 |

Лицата со аутизам носат пологични одлуки

Одлуките се засноваат на начинот на кој изборите што ги правиме се врамени. Тоа е затоа што луѓето ги користат емоциите при донесување на одлуки, што доведува до опции за чувствување на поголема пожелност од другите. На пример, кога ни се дадени 50 фунти,постои поголема веројатност да се коцкаме со парите, ако се залагаме да изгубиме 30 фунти отколку ако задржиме 20 фунти.

Иако и двете опции се математички еквивалент, помислата за губење на пари предизвикува моќна емоционална реакција и постои поголема веројатност да се коцкаме како обид да избегнеме губење на пари. Овие когнитивна предрасуда, опишана од страна на психологот Даниел Канеман во 1980 година е позната како„врамен ефект”.

И покрај тоа што овој феномен е добро документиран, научниците сé уште се обидуваат да разберат зошто нашите емоции имаат толку големо влијание врз донесувањето одлуки.

Punit Shah, истражувач во Кралскиот Колеџ во Лондон заедно со неговите колегиистражувалекако перцепцијата за внатрешни телесни сензации е поврзана со емоциите и како тоа може од друга страна да биде поврзано со тоа како ние донесуваме одлуки. Прво, им доделија на група од возрасни, задача со коцкање, со цел да се измери нивната подложност на дејството на „врамениот ефект“. Од учесниците подоцна било побарано да ги затворат очите и да ги бројат нивните отчукувања на срцето, за да се измери колку добро тие ги следат внатрешните чувства.

Нивната емоционална свест, исто така била мерена со помош на прашалник. Било откриено дека луѓето кои биле добри во следење на нивната работа на срцето се луѓето кои „го следеле нивното срце” и биле најмногу водени од емоциите, а особено подложни на влијанието на „врамениот ефект“.

Но, што е со луѓето со слаба емоционална свест, кои имаат тешкотии за следење на нивната работа на срцето? Истражувањата покажаа дека овие работи се нарушени кај луѓето со алекситимија, инаку позната како „емоционално слепило”. Бидејќи емоционалното слепило е почеста појава кај лицата со аутизам, истражувачите тестирале група од возрасни дијагностицирани со оваа состојба.

Реплицирајќи на претходните истражувања, лицата со аутизам покажале помал „врамен ефект“.  Се покажало дека лицата со аутизам биле во можност да ги следат нивните отчукуваања на срцето исто како и луѓето без аутизам, но не постои врска помеѓу тоа колку добро тие го направиле тоа или емоционалната свест и нивната подложност на дејството на „врамениот ефект“.

Ова покажува дека лицата со аутизам користат поинаква стратегија при донесувањето на одлуки. Наместо да ги користат интуицијата и емоциите како луѓето без аутизам, тие не го следеле своето срце и не користеле емоционални информации при носењето на нивните одлуки. Наместо тоа, тие гледале порационално на поинакви врамени, но бројно еквивалентни опции отколку другите луѓе. Тие се коцкале исто толку, како и лицата без аутизам, но со помош на нумеричките информации, наместо правење на одлуки врз основа на тоа како овие бројки правеле да се чувствуваат.

Наодите покажале  дека „следењето на срцето” е поврзано со донесување на комплексни одлуки, што се базира на неодамнешната работа, која покажува дека перцепцијата за откчукувањето на срцето е поврзана со опстанокот во финансиските пазари. Сепак ова исто така, укажува на тоа дека „слушањето на срцето“ и да се биде во контакт со нашите емоции, обично се гледа на тоа како позитивна работа, но обично може да доведе до носење на одлуки кои не се толку рационални.

„Нашите наоди додаваат докази кои покажуваат дека лицата со аутизам размислуваат поинаку од другите луѓе. Иако ова е поврзано со тешкотиите што тие лица ги доживуваат во социјалните ситуации, овој поинаков начин на размислување понекогаш може да биде корисно во ситуации каде што е подобро да ја следите вашата глава, а не срцето при носењето на одлуки“- заклучува истражувачот, Punit Shah.

извор: факултети.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top