| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска ќе ги реинтегрира џихадистите: Им дава кредит за стан, работа и возчка дозвола

Заем за купување на стан, помош да најдат работа и дури и бесплатни возачки дозволи – тоа се методите со кои властите во округот Лунд во Шведска имаат намера да ги реинтегираат во шведското општество Швеѓани кои биле на страната на “Исламска држава” и се се вратиле назад во скандинавските земји.

Според зборовите на Ана Состранд, општински координатор за прашањата на радикалниот екстремизам, округот Лунд ќе се однесува кон џихадисти така, како што се однесува во однос на други криминалци кои треба да се реинтегрираат во општеството.
“Кога темата стана актуелна, се запрашавме што да правиме. Брзо сфативме дека треба да ги третираме повратници членови на ИД како што третираме членовите на криминални банди “, вели Состранд, цитирана од британското издание Express.
Идејата е што луѓе кои сакаат да прекинат со екстремистичка минато, имаат потреба од поголема поддршка. Ова вклучува потребата од сместување, од егзистенција односно работа и дури од возачка дозвола. “Кога луѓето рсакинуваат со стара средина и се откажуваат од стари навики, тие го прават тоа, бидејќи гледаат предност во новиот начин на живот”, објаснува Кристофер Карлсон, еден од авторите на пристапот за реинтеграција.

Според него има поголема можност веќе заведени екстремистички организации да останат таму, ако не им се нуди вистинска алтернатива да го прекинат со овој ужасен начин на живот. “Без поддршка може да направат обид, но тој да е неуспешен и да бидат принудени да се вратат назад кон екстремизмот”, е тезата на Карлсон. Според официјалните податоци во Шведска се вратиле околу 140 поранешни борци на “Исламска држава”, кои се бореле на страната на терористичката група во Сирија и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top