| четврток, 6 декември 2018 |

Нов закон во Србија: Две чашки ракија може, но со испиена уште една останувате без автомобилот

Србија прави измени и дополнувања во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата кој би требало да биде усвоен на 1 јануари.

Нацрт-законот предвидува значајни промени и дополнување на овој закон, а една од оние кои најмногу ја шокираа јавноста е што на возачите фатени со два или повеќе промили алкохол во крвта ќе им се одземе автомобилот, пишува „Вечерње новости“.

А покрај тоа што ќе останете без автомобилот, добивате и затворска казна од 15 дена, 14 казнени поени и задржување во полициска станица 12 часа и одземање на возачката дозвола на 12 месеци.

Напомена:

Ако сте машко, тежите околу 80 килограми, можете да си дозволите да испиете две кригли пиво за шеесетина минути, па да почекате половина час алкохолот да испари од вас, а потоа да седнете зад волан без да стравувате дека може да ве запре полицијата и да ве казни за возење под дејство на алкохол. Немате проблем и ако во рок од два часа испиете еден литар „бунар“ – популарниот пијалак во кој има бело вино, швепс, минерална вода и лимони. Две мали ракии може, третата веќе е проблематична. Доколку сте женско, а ја имате истата тежина и притоа испиете иста количина алкохол, за вас нема да важат истите правила, туку, напротив, сигурно ги минувате дозволените 0,5 промили алкохол во крвта.

Нивото на алкохол во крвта зависи од повеќе работи: колку организмот на поединецот е подготвен да прими алкохол, колку е тежок, каков алкохол консумира, колку време пие, колку време минало откако престанал да пие, дали јадел…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top