Гестот на една млада девојка од Бања Лука го одушеви целиот регион. Во време на сиромаштија и борба за опстанок, една девојка не потсети на убавите времиња во кои се ценеше почитувањето.
Девојката пронашла загубен плик во кои биле 10 илјади марки, за кои подоцна се дознало дека се потребни за операција, и му ги вратила на сопственикот.
– Стоев во редот со својата ќерка, па забележав како на стариот човек, кој излегуваше од банка му паѓа пликот на земја. Веднаш ми стана јасно дека внатре има пари, кои му се потребни. Дотрчав до него и му кажав дека го испушти пликот, а тој ми одговори: Сине внатре ми е кредитот до 10 илјади динари – вели младата мајка Алиса Шишиќ.
Човекот извадил банкнота од паричникот со цел да и се заблагодари на девојката, која ја одбила понудата сметајќи дека не направила ништо вредно.
-Длабоко верувам дека и доброто и лошото, кое го правиме на другите се враќа во текот на животот. Имам и дете, па гледам никој да не повредам и да помогнам колку можам – истакнува Алиса, која е козметичарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.