| четврток, 6 декември 2018 |

Maдона: На сите што ќе гласаат за Хилари Клинтон им нудам орален секс (Видео)

Мадона, пред преполниот „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, најавувајќи го настапот на комичарката Ејми Шумер (35) даде, благо речено, невообичаено ветување.

Таа на сите мажи кои на 8 ноември на претседателските избори ќе гласаат за Хилари Клинтон им вети дека орално ќе ги задоволи. Тоа е продолжение на нејзините јасни заложувања за претседателските кандидати.

– А јас тоа многу добро го правам, не сум себична, го правам тоа полека и ве гледам во очи – рекла Мадона пред воодушевените собрани луѓе.

Пејачката смета дека гласот даден за Хилари Клинтон е глас, како што напишала, за „интелигеницијата и еднаквите права за жените и сите малцинства“.

Кога Ејми Шумер се качила на сцената по Мадона, рекла дека пејачката е „љубоморна, бидејќи и таа би сакала да биде комичарка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top