Репрезентацијата на Македонија можеби имаше добри игри на претходните квалификациони натпревари, но не успеа да направи добар резултат, па на најновото рангирање на ФИФА забележавме нов пад и сега сме на очајното 155. место. За нашата репрезентација оваа позиција е најлоша од нејзиното постоење.
За да биде иронијата уште поголема, пред нас се репрезентации кои некогаш служеа за потсмев. Пред Македононија се наоѓаат репрезентации од калибарот на Бурунди, Судан, Тајланд, Хаити и Фарски Острови. Следниот натпревар нашата репрезентација го игра на 12 ноември, а за противник ја имаме Шпанија, па се чини дека само ќе спречи нов пад за Македонија на следното рангирање.
Во врвот на светскиот фудбал на првото место остана репрезентацијата на Аргентина, а најголем пад во првите десет забележа Белгија, која од втората се пресели на четвртата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Македонија напредуваше 32 позиции на ФИФА ранг листата