| четврток, 6 декември 2018 |

Четири лица повредени во осум сообраќајки вчера во Скопје

soo

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно осум сообраќајни несреќи. Во една од нив со тешки телесни повреди се здобило едно лице возач на мопед, а во три со полесни телесни повреди се здобиле три лица.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден, по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени се и санкционирани поголем број прекршоци.

Санкционирани се двајца возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и тројца возачи почетници, кои сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 78 непрописно паркирани возила и 14 пешаци, кои не поминале на пешачки премин, односно поминале на црвено на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден се отстранети 94 возила, кои во поголема мера го спречувале нормалното одвивање како на пешачкиот така и на моторниот сообраќај.

Денеска Одделението за превенција  при СВР Скопје, со почеток во 19.00 часот во просториите на ПСОН Кисела Вода ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот, кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Александар Македонски“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top