| четврток, 6 декември 2018 |

Дуле се ожени по втор пат (фото)

Душан Љубисављевиќ од штипското дуо „Дуле и Коки“ повторно во матично, овој пат со струмичанката Љупка Наскова.

Љупка, која е косопственичка на семејна фирма и веќе има петгодишна ќерќичка Илијана, го запозна на негов настап во еден ноќен клуб во Струмица.

253216_10200710040866202_1783545738_n

– Неколку месеци ја бркав Љупка. Ја гледав на моите свирки и ми требаше многу време да ја освојам. Мислам дека во тоа многу ми помогна една песна од Оливер Драгојевиќ, за која дознав дека ѝ е омилена. Таа се изненади кога  ја запеав „Kad mi dođeš ti“, од тогаш сме заедно. Не кријам дека сум многу вљубен и среќен, Љупка е жената на мојот живот – изјави Дуле за „Вест“ пред две години.

Ова е втор брак за Дуле, тој во 2008 година се ожени со кралицата на хулахопките Санда, со која се развее по само една година брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top