Од сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежнеат кон сигурна врска полна со љубов, во која нема место за прељуба. Раковите никогаш не се целосно среќни додека не остварат длабока емотивна врска, а кога ќе се вљубат секогаш размислуваат долгорочно.
Тие цел живот само трагаат по личност со која ќе изградат дом и ќе основаат семејство. Ракот дава многу и исто толку и бара. Сака внимание, сака да му се докажува љубов, но секогаш враќа со иста мера.
Кога ќе наиде на проблеми во врската, тој не ги избегнува и туку инстнатно ги решава бидејќи не сака нешто да му застана на патот. Не ни помислува на прељуба како метод за решавање ма проблемите затоа што е верен до самиот крај.
Раковите кријат сложена емотивна структура и длабоко доживуваат се што се случува околу нив.
Тие се молчеливи, внимателни и таинствени. Повеќето не се грижат и не се плашат толку за себе колку за своето семејство, а поготово за децата. Имаат посебно чувство за потомството, а исто и за зачувување на традицијата. Кога се во прашање оние што ги сакаат , несомнено ќе застанат во нивна одбрана.
Религиозни се, повеќе ги ценат духовните предности од метеријалните, а љубовта им е најважна, полни се со великодушност, чувствителност и грижливост…
Ракот не е единствениот хороскопски знак познат по верноста, доста верни знаат да бидат и Биковите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.