| четврток, 6 декември 2018 |

Канада бара работници од странство

Канада одлучи да им пружи шанса на сите оние кои бараат работа во странство и на Фејсбук страницата „Живејте во Канада“, објави дека провинцијата Саскатчеван бара работници за 21 работно место.

Канадската провинција Саскатчеван од 4 октомври 2016 година прифаќа 500 нови аплицкации за имиграција преку програмата која бара работници од одредени занимања, на кои поткатегорија им е имигрантската порограма на оваа провинција.

Оваа програма им нуди на образованите луѓе шанса работејќи во оваа провинција да можат подоцна да аплицираат за останување во Канада, како и да добијат државјанство.

Луѓето кои ќе се пријават не треба да имаат работа за да може да аплицираат.

Меѓутоа, мора да имаат искуство во кои од занимањата кои оваа провинција ги бара.

Во моментов најбарани 21 занимања се: математичари, компјутерски и менаџери за информациони системи, механичари, аналитичари на информациони системи и консултанти, луѓе кои се занимаваат со градинарство и хортикултура, фитнес инструктори, метеоролози, електричари, авиомеханичари и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top