| четврток, 6 декември 2018 |

Од 21 октомври до Нова година жените ќе работат бесплатно

Ако се знае дека жените во Шпанија заработуваат 19,3 отсто помалку за истата работа од мажите, тогаш лесно може да се пресмета дека почнувајќи од 21 октомври до крајот на годината жените ќе работат без пари, стои во извештајот на „Експерт маркет“ однаоѓа во Лондон.

Според мапата која ја објави оваа аналитичка компанија, со темножолта боја е обоена и Македонија, што значи дека и жените во Македонија, слично како нивните колешки од Шпанија ќе престанат да бидат плаќани за својата работа од 21 октомври, за разлика од машките колеги.

Според „Експерт маркет“, кој напрвил истражување на состојбите во 40 европски земји, на ниво со Шпанија и Македонија е и Швајцарија, но и Велика Британија, Албанија и Финска. Сепак, состојбата во овие земји е подобра од онаа во Германија, Австрија и Чешка.
Босна и Херцеговина е најдолу на ранг листата. Имено, жените во БиХ заработуваат и до 46 отсто помалку од своите колеги мажи.

Словенија од друга страна, пак, има најмал јаз меѓу заработката на жените и на мажите, со тоа што жените во просек, заработуваат 96,8 отсто од платата која ја добиваат мажите.
image
Слична е и состојбата во Италија, Полска, Норвешка и Малта.

„Во 21 век, да се види ваков јаз меѓу платите на мажите и на жените е шокантно, имајќи ги предвид можностите кои им се нудат и на мажите и на жените“, вели истражувачот од „Експерт маркет“, Том Вотс, за „Локал“.

Затоа, ако се земе предвид просечно колку помалку плата земаат жените кои обавуваат иста работа како машките колеги, лесно може да се искалкулира, кога тие престануваат да бидат плаќани за својата работа.

Па така, за Шпанките и Македонките тоа е 21 октомври, додека, пак, ако се знае дека во просек жените во Европа земаат 17 отсто помала плата, тие престануваат да бидат плаќани за својата работа на 31 октомври.

Вотс вели дека европските земји како Шпанија тешко е да се одрери колку помала плата земаат жените, затоа што голем процент работат со скратено работно време.

„Луѓето сѐ уште имаат обичај да мислат дека жените остануваат дома и се грижат за семејството, а мажите одат на работа, што и се одразува на јазот во платата“, додава тој.

„Со пониски образовни квалификации, за жените е потешко да стигнат до повеќе платени позиции“, вели Вотс, кој образложува и дека има разлика меѓу професиите, па така се знае дека жените повеќе работат во секторите поврзани со храна каде, реално и платите се пониски.

„Во секој сектор мажите се повеќе промовирани од жените, што придонесува и до повисоко плата. Тоа кулминира со позиција на извршни директори, каде процентот на жени во Жпанија е помал од 4 отсто’, вели Вотс.

Во Македонија, пак, на раководни позиции во големите компании се само два отсто жени, околу 32 проценти се жени во претприемништвото, а помалку од четири отсто се жени сопственици на бизнис.

Вотс се надева дека истражувањето на Expert Market ќе придонесе да се развие дискусија за еднакво плаќање на трудот на жената и на мажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top